ДОКАЖУВАЊЕ НА ВРЕДНОСТA ВО ИНТЕГРИРАНИОТ СВЕТ
ЗОШТО ТРЕБА ДА СТОРИМЕ ПОВЕЌЕ ОТКОЛКУ ЕДНОСТАВНО МЕРЕЊЕ НА КРАЈНИТЕ РЕЗУЛТАТИ
Richard Bagnall
Претседател на Управниот Одбор на AMEC, главен извршен директор на PRIME Research UK
Постојат многу причини зошто индустријата треба да се оддалечи од своето минато фокусирано на анализа на содржината како замена за мерење на комуникациските активности. Сакале или не, ние живееме во свет каде голем број од мерните инструменти на кои се потпиравме во минатото за да ја измериме ефективноста на комуникацијата почнуваат да ја губат својата релевантност.
Универзумот на медиумите се проширува во однос на нови канали и можности, но се стеснува во однос на публиката и вниманието. Како што каналите се фрагментираат на платени, заработени, споделени и поседувани, потпирањето на прецизно и разбирливо мерење со старите мерни инструменти, како што се обемот, впечатоците и досегот станува се потешко.
Не само што тука се соочуваме со предизвикот на пронаоѓање на точни податоци од медиумите кои во одредени случаи ги заштитуваат овие податоци како приватни, туку во светот на интернетот многу од добиените податоци лесно се добиваат и извртуваат. Како резулат на тоа повеќе не можеме да гледаме на обемот и на впечатоците како на особено значајни мерни инструменти, туку еднствно нив треба да ги интерпретираме како индекс.
На годишната ПР конференција во Норвешка, во март 2016, имав кратка 20 минутна презентација каде што подетално го елаборирам ова прашање – но не грижете се, на англиски јазик е!
Кога овие предизвици се во комбинација со новата реалност на интегрираниот свет и кога од ПРот се очекува да работи во целата таа низа на платени, заработени, споделени и поседувани медиуми, станува јасно дека и ние треба да се придвижиме нанапред во размислувањето. Мора да сториме повеќе отколку едноставно мерење на крајните резулати за да ја докажеме вредноста на нашите напори на тој начин што ќе погледнеме во нашите резултати кои се произлезени од нашата работа.
Интегрираната евалуациона рамка на AMEC го прави токму тоа – поставува јасен метод кој лесно се следи за да ја разкаже приказната за одличниот ПР од персепктива на таргетираната публика, планирање, цели, активности, резултати и бизнис влијание. Единствено тогаш кога ПР секторот ќе се потруди да го измери целосниот ефект, само тогаш ќе биде во состојба да одговори на клучното прашање врзано за својата работа на начин кој е значаен и веродостоен.